Конститутивен состанок на ОВП Коалицијата за правда

Изминатите неколку години, правдата и промоцијата на транспарентно, достапно и инклузивно судство е во фокус на иницијативата за отворена власт. Поаѓајќи од ова сознание, иницијативата за Отворено Владино партнерство создаде ОВП Коалиција за правда, група на ОВП членки, граѓански организации и останати национални и меѓународни партнери кои се работат на креирање систем в кој граѓаните се во фокус.

На 21 октомври 2020 се одржа онлајн конститутивен состанок на ОВП Коалицијата за правда на кој учествуваа ОВП членки кои ко-креираат и имплементираат заложби врзани со правосудство, претставници на граѓанското општества, приватниот сектор но и меѓународни организации.

На настанот се начнаа повеќе теми врзани со креирањето синергии но и прогресот направен во врска со пристапот до правда, отворено судство како концепт но и правда во функција на отвореното владино партнерство. Воедно учесниците споделуваа размислувања и опции за потенцијални соработки врзани со пристапот до правда, а воедно и се осврнаа на предизвиците н и можностите кои пандемијата со Ковид-19 ги постави пред правосудните системи во светот.

На настанот земаа учество и Фондацијата Отворено општество – Македонија, Здружението за еманципација и солидарност и еднаквост на жените – ЕСЕ и Коалицијата Маргини. ИВОНА СТАЛЕВСКА, претставничката на ФООМ на констутутивниот состанок ги истакна заложбите на Фондацијата за пристап до правда во Република Северна Македонија, но и подетално ги запозна присутните со проблеми се соочуваат маргинализираните заедници за време на КОВИД-19.

https://fosm.mk/current-project/konstitutiven-sostanok-na-ovp-koaliczijata-za-pravda/

Source: Foundation Open Society Macedonia – 30.10.2020