Оценка за степенот на проактивност на јавните институции во РМ за 2014 година

 

- Ниту една од осумнаесетте мониторирани институции во 2014 година не објавила: предбуџетска изјава; предлог-буџет; поедноставена верзија на буџетот (граѓански буџет); предложени измени и дополнувања на буџетот, како и буџетски документи во отворен формат.

- Само четири од осумнаесетте мониторирани институции во 2014 година објавиле информации за лицето одговорно за посредување со информации од јавен карактер и листа на информации од јавен карактер.

- Институтот за јавно здравје на РМ; Здравствениот дом, Скопје; Центарот за јавно здравје, Кочани.

- Министерството за образование и наука и Министерството за надворешни работи во 2014 година не објавиле ниту еден документ што се однесува на нивното буџетско и програмско работење.

- Министерството за здравство на РМ; Центарот за јавно здравје, Скопје и општините Шуто Оризари, Виница и Пехчево во 2014 година објавиле само по еден од вкупно 16 програмски и буџетски документи.

- Владата на РМ и Министерството за култура во 2014 година бележат исто ниво на транспарентност во однос на претходната година, односно објавиле само два од вкупно 16 програмски и буџетски документи.

- Министерството за труд и социјална политика во 2014 година објавило четири, а општина Кочани и Министерството за внатрешни работи објавиле три од 16 мониторирани документи.

- На интернет-страницата на општина Делчево во 2014 година граѓаните можеле да најдат пет клучни документи во кои се прикажани информации за буџетското и програмското работење на општината. Со ова општината е потранспарентна во своето работење во однос на општините Шуто Оризари, Виница, Пехчево и Кочани.

Оценка за степенот на проактивност на јавните институции во РМ за 2014 година