Работилница за буџетско застапување и примена на методологијата за мониторинг и анализа на буџети на програмите за намалување на штети од користење на дроги

Целта на работилницата беше граѓанските организации кои работат на програмите за намалување на штети од регионот на Југо-источна и Централна Европа, да се запознаат со методологијата на мониторинг и анализа на буџети со цел истата да ја применат во својата работа за обезбедување на одржливост на овие програми по завршувањето на финансирањето на истите од страна на Глобалниот фонд. На работилницата учествуваа двајца претставници од Здружение ЕСЕ, при што од страна на ЕСЕ беше претставен теоретскиот концепт за примена на методологијата на мониторинг и анализа на буџети и застапување базирано на истата, а воедно беа споделени искуствата од работата на ЕСЕ на ова поле.  Работилницата се одржа од 23 до 25 октомври, 2016 година во Будимпешта и на истата присуствуваа 32 претставници на граѓански организации кои работат на намалување на штети од користење на дроги и превенција од ХИВ од Македонија, Србија, Црна Гора, Хрватска, Босна и Херцеговина, Унгарија, Романија, Литванија и Украина. Обуката беше организирана и поддржана од Евроазиската мрежа за намалување на штети, Фондациите Отворено Општество од Њујорк и Европската Унија.