Водич за отворена влада - Наменски извештај

 

Во сржта на отворената влада се идеите за транспарентност, учество и одговорност. Како работна дефиниција:

транспарентност значи дека јавноста ги разбира работењето на својата влада;

учество значи дека јавноста може да влијае врз работењето на владата преку вклучување во процесите на креирање јавни политики и во работата на давателите на јавни услуги;

одговорност значи дека јавноста може да ја повика владата на одговорност за политиките и за испораката на услугите

Водичот го изработи иницијативата „Транспарентност и одговорност“ (ИТО). Неговата цел е да се поддржат владите и граѓанските организации во унапредување на транспарентноста, одговорноста и учеството, особено како дел од партнерството „Отворена влада“. Во него се истакнати практични, мерливи, конкретни и изводливи чекори коишто владите може да ги преземат и ги преземаат заради унапредување на отворената влада.

Повеќе